• среда, 25 декември 2024

Три казнени налози поднесе ОЈО Скопје за непочитување на полицискиот час

Три казнени налози поднесе ОЈО Скопје за непочитување на полицискиот час

Скопје, 22 април 2021 (МИА) - За двајца скопјани и еден охриѓанец Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози, бидејќи се обвинети дека извршиле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.  

- Тројцата, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час како мерка за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Имено, тие без да поседуваат дозвола за тоа, за време на важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот, информираа од скопското обвинителство. 

Јавниот обвинител за овие лица му предложи на Судот да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечен износ на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​ оџ/ац/ 

Остани поврзан