• недела, 28 јули 2024

Три играчи од Манчестер јунајтед и двајца од Челзи конкурираат за најдобар млад фудбалер на годината во Премиер лигата

Три играчи од Манчестер јунајтед и двајца од Челзи конкурираат за најдобар млад фудбалер на годината во Премиер лигата
Лондон, 7 август 2020 (МИА) - Англиската фудбалска Премиер лига објави список на кандидати за титулата најдобар млад играч за сезоната 2019/20. Претенденти за наградата се: Дин Хендерсон (Шефилд јунајтед), Трент Александр-Арнолд (Ливерпул), Џек Грилиш (Астон Вила), Мејсон Маунт и Кристијан Пулишиќ од Челзи, како и Ентони Марсијал, Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд - тројцата од Манчестер јунајтед. Гласањето на веб-страницата во Премиер Лигата ќе трае до 10 август. зс/

Остани поврзан