• недела, 21 јули 2024

Три екипи од НБА не сакаат да се вратат во тренинг-базите

Три екипи од НБА не сакаат да се вратат во тренинг-базите
Њујорк, 6 мај 2020 (МИА) - Инсајдерот на „ЕСПН“ Брајан Виндхорст изјави дека три НБА тимови не сакаат да се вратат во тренинг-базите во блиска иднина. Претходно беше познато дека лигата планира да им овозможи на клубовите да ги отворат своите центри за индивидуално тренирање на играчи од 8 мај. - Зборував утрово со луѓе од два тима кои се во државите каде го ублажија режимот на изолација. Овие екипи немаат намера да ги отворат своите капацитети за обука в петок. Еден човек од друг тим ми рече дека клубот интервјуирал кошаркари со „Зум“, а повеќето од нив се изјасниле дека се против отворањето на базата, рече Виндхорст за ЕСПН. зс/

Остани поврзан