• сабота, 28 декември 2024

Трифонов му одговори на Борисов: Не сум страшливец

Трифонов му одговори на Борисов: Не сум страшливец
Софија, 26 април 2021 (МИА) - Во видео коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, изјави дека не бега од одговорноста. Како што јави дописникот на МИА од Софоја, цитирајќи го Трифонов, „таква е одлуката  на бугарскиот народ, така ги подели картите, така гласаше почитуваниот  бугарски гласач, така се одвиваат работите“. -ГЕРБ е прва, тие не успеаја да формираат влада. Не можеме да формираме стабилен кабинет бидејќи немаме потребен број пратеници и потребни ни се партнери за да се случи вакво нешто. Тоа е исто како на камиказа, кој не сака да изврши самоубиство, да му кажете ’ти си кукавица’. Во таква ситуација, не можеме да формираме кабинет, категоричен е Трифонов. Според него, формирањето влада што ќе дејствува како малцинска ќе зависи од оние кои се дел од нешто против што тие се борат како партија. -Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат, рече Трифонов. Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од „докажаните компромитирани политички субјекти, кои се алчни“.нк/сд/

Остани поврзан