• вторник, 24 декември 2024

Трипуновски: Повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци

Трипуновски: Повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци

Кавадарци, 7 септември 2024 (МИА) - Повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци, изјави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Кавадарци. 

- Денеска сме на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, сакам да посакам успешна манифестација, успешна берба, квалитетно грозје и квалитетно вино што Република Македонија со гордост ќе се претставува надвор од Република Македонија. Досега, согласно бербата, откупени се некаде околу 53 милиони килограми винско грозје што е сериозен пад од она што некогаш Република Македонија го произведувала, тоа е накратко заради оние лоши политики во изминатиот период и да Македонија денеска падне на ваква минимална количина. Знаете дека во минатото сме имале над 150 милиони килограми од што се произведувало околу 110 милиони литри вино, подвлече тој. 

Оваа година гледаме, додаде, како и минатата, има катастрофална ситуација.

- Она што ние како Влада, како Министерство, сме се обврзале во нашата предизборна програма и програма на Влада, дека во наредниот период, наредните години, повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци, сериозен девизен прелив на Република Македонија и нормално, гранка што ќе биде за респект и производство на квалитетно вино што и понатаму ќе ја претставува Република Македонија надвор од границите, посочи Трипуновски. свд/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан