• вторник, 24 декември 2024

Трипуновски на средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија

Трипуновски на средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска имаше средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија.

На средбата стана збор за винскиот саем „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград што треба да се одржи од 22-24 ноември.

-Заедничката соработка е приоритет на двете земји околу „Винска визија“. Винскиот саем е одлично место каде што може да се дегустира и промовира македонското вино, истакна Трипуновски. мч/дма/

фото: МЗШВ

Остани поврзан