• среда, 25 декември 2024

Трипуновски: Лозарите ќе добијат 2 денари плус, цената на грозјето и понатаму е ниска

Трипуновски: Лозарите ќе добијат 2 денари плус, цената на грозјето и понатаму е ниска
Скопје, 26 август 2022

Моите конструктивни забелешки во однос на цената на грозјето за вранец и смедеревка на лозарите од Тиквешијата, како и барањето за 2 денари дополнителни субвенции за предаден килограм грозје, вродија со плод.

Ковачевски и Николовски денеска на прес конференција го прифатија моето барање откако реагирав за ниските откупни цени на грозјето кои претходно ги договорија со винарите.

Лозарите ќе добијат плус 2 денари по килограм предадено грозје благодарение на брзото реагирање, но сметам дека цената на грозјето и понатаму е ниска, а нема ниту сигурен пласман на грозјето.

Воедно, ова не е победа на Ковачевски и Николовски, субвенциите од 2 денари за килограм грозје ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ и тие на тој начин станаа пракса. Ова не е нешто со што треба да се фалат од власта, туку ова е нивна обврска која мора да ја испочитуваа.

Доколку не реагирав навремено, парите ќе завршеа во нечии џебови на високите владини функционери, наместо кај земјоделците.

Продолжуваме да се бориме за враќање на достоинството на земјоделците во државата и вреднување на нивниот труд и мака.

Цветан Трипуновски, член на ИК од ВМРО-ДПМНЕ 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан