• среда, 27 ноември 2024

Трипие останува во Њукасл до 2025

Трипие останува во Њукасл до 2025

Њукасл, 28 јануари 2023 (МИА) – Англискиот фудбалски репрезентативец Киран Трипие го продолжи договорот со Њукасл до 2025 година, објави премиерлигашот.

Трипие дојде во Њукасл во јануари 2021 година од Атлетико Мадрид.

Англискиот десен бек досега сезонава постигна еден гол и запиша шест асистенции во дресот на Њукасл.

-Беше одличен на теренот и надвор од него, покажа лидерски квалитети во тешки моменти за клубот. Немам доволно комплименти да му изразам за сè што му даде на овој клуб, истакна тренерот на Њукасл, Еди Хау, во изјава за клупскиот сајт.

Третопласираниот Њукасл се наоѓа во рекордна серија од 15 натпревари без пораз во Премиерлигата и ја има најдобрата одбрана со само 11 примени голови на 20 натпревари во англиското првенство. ег/вг/

Остани поврзан