• среда, 27 ноември 2024

Тринаесетто издание на велосипедската тура „Независност“ по повод „8 Септември“

Тринаесетто издание на велосипедската тура „Независност“ по повод „8 Септември“

Струга, 3 септември 2023 (МИА) - Тројца ентузијасти на велосипедскиот спорт од клубот „Денда“ од Скопје денеска по традиционален 13. пат возат тура по повод Денот на македонската независност - „8 Септември“.

Велосипедската тура „Независност“, која е во должина од 100 километри, стартуваше претпладнево од населбата „Езерски лозја“ во близина на Струга, по што тројцата учесници ќе возат преку Охрид по стариот пат во правец кон Ресен, до крајната дестинација во Битола на „Широк сокак“.

На годинашното издание на оваа традиционална тура возат претседателот на велосипедскиот клуб „Денда“, 53-годишниот Дејан Момировски, неговиот 17-годишен син Дејан Момировски и Филип Арсов, на возраст од 42 години, обајцата велосипедисти во скопскиот клуб.

Велосипедската трка „Независност“ се одржува со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, а пред 12 години ја иницираа Дејан Момировски и Ѓорѓи Кузмановски, кој почина лани на 80-годишна возраст, оставајќи силен белег во македонскиот спорт и афирмирајќи здрав живот и почит кон татковината. ег/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан