• сабота, 23 ноември 2024

Триесет крвни единици обезбедени во крводарителска акција во винарската визба ,,Тиквеш" во Кавадарци

Триесет крвни единици обезбедени во крводарителска акција во винарската визба ,,Тиквеш

Кавадарци, 20 февруари 2024 (МИА) - Триесет крвни единици се обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во винарската визба „Тиквеш" Кавадарци, реализирана од Институтот за трансфузиона медицина Скопје, а во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Кавадарци. 

Елена Прчковска, менаџер за човечки ресурси во винарницата, изјави дека вработените во винаријата се хумани и солидарни, свесни дека со дарувањето крв се спасуваат животи. Со оглед на тоа што станува збор за традиција на крводарителство, таа посака нивниот пример да го следат и други компании. 

Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци, во изјава за МИА потсети дека лани беа обезбедени 2.676 единици крв во повеќе доброволни акции за крводарување. 

- Минатата 2023 година ја завршивме со 2.676 крвни единици, а на годишниот план имаше предвидено 1.188 крвни единици. Со оваа реализирана бројка Црвен крст Кавадарци се најде помеѓу првите три општински ораганизации во 2023 година по бројот на реализирани единици, рече Каракулев, изразувајќи благодарност до сите крводарители од кавадаречката и росоманската општина. 

Тој се осврна и на бројните други успешни проекти, меѓу кои и тие што ги вклучуваат младите волонтери  хуманитарци.  

 - Минатата година во изработка на проекти за промоција на хумани вредности од страна на млади волонтери, го освоивме првото место во државата. Од вкупно 155 проекти, нашите млади изработија седум, оценети со највисоки оценки. Во активностите беа вклучени 40 ученици, под менторство на Даниела Лазовска од Црвениот крст, појасни Каракулев. свд/цр


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан