• петок, 21 февруари 2025

Триесет и шест годишник пронајден мртов во опожарен дом во делчевски Чифлик

Триесет и шест годишник пронајден мртов во опожарен дом во делчевски Чифлик

Делчево, 20 јануари 2025 (МИА) - Едно лице го изгуби животот во пожар откако утринава било пронајдено мртво во својот дом во делчевското село Чифлик. Пожарот бил пријавен во 05:22 часот, ана лице место интервенирала екипа на ТППЕ Делчево.

-Денес на 20.01.2025 година во 05.22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Д (36) лице со здравствени проблеми, се вели во соопштението на СВЕ Штип.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а во куќата било пронајдено телото на сопственикот. 

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот. вс/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан