• сабота, 27 јули 2024

Триесет и пет годишен маж пронајден мртов во опожарениот стан во Хром

Триесет и пет годишен маж пронајден мртов во опожарениот стан во Хром

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Мртвото тело на И.Ј. (35) денеска е пронајдено во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, соопшти МВР. 

Според првичните инфорамции на МВР, пожарот бил пријавен утрово во 9.47 часот во СВР Скопје, а е изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

- Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан