Триесет и осум годишен скопјанец возел без возачка дозвола, фатен на автопатот Штип-Скопје
- Полициски службеници на автопатот „Гоце Делчев“ кај наплатаната станица Преод го лишиле од слобода И.С., 38 годишен жител на Скопје, кој управувал возило без возачка дозвола.
Штип, 20 февруари 2026 (МИА) – Полициски службеници на автопатот „Гоце Делчев“ кај наплатаната станица Преод го лишиле од слобода И.С., 38 годишен жител на Скопје, кој управувал возило без возачка дозвола. Во пишаното соопштение на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип се вели дека вчера во 18:50 часот на автопатот Скопје – Штип, кај наплатна станица Преод, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода И.С.(38) од Скопје.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.С. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање наслучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР-Штип. вдј/вј/
Фото: МИА