• понеделник, 23 декември 2024

Триесет дена притвор за 69-годишник од Доброште кај кого беше најдена дрога

Триесет дена притвор за 69-годишник од Доброште кај кого беше најдена дрога

Тетово, 15 јули 2021 (МИА) – По вчерашното приведување на 69-годишник во тетовско Доброште во чиј дом беше најдена дрога, денеска судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

- При претрес со судска наредба, извршен вчера од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. (69) во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага. Тој беше приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок, по член 215 од Кривичниот законик беше изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По одредувањето на притворот, осомничениот е спроведен во Казнено поправната установа Скопје.ас/бт/

Остани поврзан