• среда, 25 декември 2024

Триесет дена притвор за три лица, меѓу кои и за функционерот на ДУИ, Исмет Гури 

Триесет дена притвор за три лица, меѓу кои и за функционерот на ДУИ, Исмет Гури 

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ, Исмет Гури, и уште две други лица од истрагата што се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

Притворот е определен по барање на Јавното обвинителство дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

Според Јавното обвинителство, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра. ар/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан