• петок, 08 ноември 2024

Тридневен марш на Левица во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Тридневен марш на Левица во чест на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Скопје, 2 мај 2023

Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргнаа од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Секторот спорт, синоќа го посетија тимот кој беше во последни подготовки во седиштето на огранокот Левица - Гевгелија, каде на средба со тимот им посакаа успех на маршот кој е во должина од повеќе од 150 км.

Тимот е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил - Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија - Демир Капија - Велес - Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија.

Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, каде ќе бидат пречекани и заедно ќе се поклониме пред вечното почивалиште на македонскиот херој, учител и револуционер, Гоце Делчев.
Им посакуваме успех и лесни нозе и ги очекуваме во Скопје, на 4. мај.

 

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан