Трет уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
- Почна третиот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип, кој ќе трае до 18 септември. Ова е последна можност за сите кои не се запишаа во претходните два уписни рока. Претседателот на уписната Комисија на УГД-Штип, Мишко Џидров вели дека најголем интерес досега имало за Факултетот за медицински науки. На останатите факултети – конкуренцијата е помала, а слободни местата се уште има. Студентите имаат рок и утре да ја комплетираат процедурата, пред стартот на новата академска година.
Штип, 17 септември 2025 (МИА) - Почна третиот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип, кој ќе трае до 18 септември. Ова е последна можност за сите кои не се запишаа во претходните два уписни рока. Претседателот на уписната Комисија на УГД-Штип, Мишко Џидров вели дека најголем интерес досега имало за Факултетот за медицински науки. На останатите факултети – конкуренцијата е помала, а слободни местата се уште има. Студентите имаат рок и утре да ја комплетираат процедурата, пред стартот на новата академска година.
-Денес и утре, 17 и 18 септември ги очекуваме студентите да се пријават прво во нашиот систем по третиот уписен рок, а понатаму следува процесот ние ги верификуваме нивните оценки, ќе ги ренгираме, ќе можат да се видат во нашиот систем и понатаму следува процесот на нивно запишување на 25 и 26 септември. Со тоа завршува третиот уписен рок, но секако ги повикувам оние студенти, коишто еве би рекол дека и од првиот уписен рок, па и од вториот не ги завршиле своите активности, односно не се запишани да го направат тоа, затоа што се уште имаат време да го направат тоа, до првиот академски час до 1 октомври. Има доволно слободни места, конкурсот е од вчера објавен, третата верзија на истиот конкурс во кој што има доволно слободни места, вели Џидров.
Во третиот уписен рок, ослободување од партиципација ќе имаат само студентите од Филолошкиот факултет и оние кои се запишуваат на Катедрата за македонски јазик. Во октомври рече дека ќе има помош и за студенти со ранливи категории.
-Во тек на месец октомври ќе има поволност за сите оние студенти кои што имаат некој фамилијарни ситуациии со еден родител, починат родител, студенти со ранливи категории, вели Џидров.
Инаку, оваа година УГД очекува повторно студенти од странство, а во моментот најголем интерес има повторно од Турција. За нив е предвидено да има повеќе студиски програми на англиски јазик. вдј/вј/
Фото: МИА