• четврток, 29 август 2024

Трет пораз за македонските одбојкарки на Игрите во Алжир

Трет пораз за македонските одбојкарки на Игрите во Алжир
Оран, 28 јуни 2022 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија од Грција со убедливи 3:0, по сетови 25:18, 25:16 и 25:19. Претходно на турнирот македонските одбојкарки загубија од Тунис и од Египет и се последни во Б-групата без бодови и со само еден освоен сет. Грција е на првата позиција со максимални девет бодови, а за второто место во директен дуел ќе одлучуваат Тунис и Египет. зс/

Остани поврзан