• петок, 05 декември 2025

Трет ден гори Националниот парк „Преспа" кај Пустец

Трет ден гори Националниот парк „Преспа

Дебар, 28 јули 2025 (МИА) - Веќе трет ден беснее големиот пожар во Националниот парк „Преспа" кај Пустец.

-Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни служби од оваа и соседните општини,  цивилната заштита, локалната и граничната полиција. Покрај непристапниот терен, дополнително проблем е и ветерот, кој е опасност и за луѓето што се вклучени во справувањето со огнената стихија, велат од Општина Пустец.

Додаваат дека поради големиот број пожари, сè уште не очекуваат интервенција од воздух, бидејќи истата е насочена кон гаснење на пожарите од кои опасност се по населени места, посебно на југот каде има евакуирани жители, изгорени домови и црква.

Министерството за одбрана на Албанија објави  дека во текот на последните 24 часа во земјата се идентификувани 34 пожари, од кои 17 се сè уште активни, шест се под мониторинг, а 11 се изгаснати.

Според истиот извор денеска на терен се ангажирани 953 сили, 56 противпожарни возила, четири хеликоптери и еден италијански авион „Канадер“ во поддршка. вт/дма/


Фото: МО на Албанија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан