• сабота, 23 ноември 2024

Трета левичарска школа - јакнење на капацитетите на младите левичари

Трета левичарска школа - јакнење на капацитетите на младите левичари

Скопје, 21 септември 2024

Денес започна Третата левичарска школа во организација на Левичарскиот институт ,,Рацин".
Над 70 учесника во текот на наредниве три дена ќе ги јакнат своите капацитети преку обуките, работилниците и мултимедијалните содржини што се пласирани и реализирани од страна на обучувачите и организаторите.

Во текот на денешниот ден, младите левичари - учесници во Школата го проследија предавањето на тема „Заборавениот херој и војната на срамот: Првата опиумска војна“, одржано од Игор Радев.
Во рамки на Школата, вечерва се емитува филмот „Кино герилци - сцени од ролните на Лабодовиќ“ во режија на Мила Тулериќ.

Според Агендата, и наредните два дена се исполнети со едукативно - интерактивни содржини со акцент на левичарската идеологија, односите со јавноста, како и историски перспективи во однос на современото општество.

Ова е трети пат како ЛИ ,,Рацин" организира ваква школа, чиј континуитет е во приоритетите на Институтот, а интересот за учество е секогаш сè поголем, така што при селекцијата на пријавите, предност има целната група - млади.

Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан