• сабота, 21 декември 2024

Тренчевска ќе учествува на регионална конференција за родово одговорно буџетирање во Турција

Тренчевска ќе учествува на регионална конференција за родово одговорно буџетирање во Турција
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА)Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска утре и задутре во Истанбул ќе учествува на конференцијата Трансформативно финансирање како забрзувач за родова еднаквост: црпење на искуства од родово одговорно буџетирање и научени лекции“, организирана од Регионалната канцеларија на UN Women.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, министерката ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Лидерството и перспективите на креаторите на политиката за родово одговорно буџетирање“, заедно со министри од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

На панелот, којшто е организиран како министерски панел на високо ниво, ќе бидат презентирани прегледи за родово одговорно буџетирање со фокус на процесите и клучните достигнувања во неговата имплементација, како и следните чекори за понатамошно унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање. ар/бак/

 

Остани поврзан