• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Питачењето не може да се сузбие за еден ден, но ја намалуваме присутноста на децата на улица

Тренчевска: Питачењето не може да се сузбие за еден ден, но ја намалуваме присутноста на децата на улица

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Питачењето на децата е појава која не може да ја сузбиеме за еден ден, меѓутоа ја намалуваме присутноста на децата на улица барем на раскрсниците, кажа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одговарајќи денеска на новинарски прашања.

-Имаме протокол за меѓусекторско постапување, односно за постапување на центрите за социјална работа, со министерот за внатрешни работи. Верувам дека колегите од центрите за социјална работа, интервентните тимови се постојано на терен, рече Тренчевска, во одговор на новинарски прашања по промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

Таа најави дека пред да настапи зимскиот период, ќе работат на поголема присутност на тимовите на оние места коишто се најфреквентни, каде често се среќаваат децата на улица.

-Во исто време се разговара и со родителите, да се зајакне нивната свест за да децата наместо на улица ги пуштат во процесот на образование којшто ги тргнува од улицата и ги прави еден ден да бидат граѓани коишто самите заработуваат за егзистенција, додаде министерката. нд/свс/  

Остани поврзан