• среда, 27 ноември 2024

Тренчевска: Нашата цел не е децата питачи да ги одвоиме од родителите, туку заедно со нив да работиме на подигнување на свеста

Тренчевска: Нашата цел не е децата питачи да ги одвоиме од родителите, туку заедно со нив да работиме на подигнување на свеста

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика, заедно со Центарот за социјална работа, Министерството за внатрешни работи, Црвениот крст и дел од граѓанските организации работат на решавање на проблемот со децата питачи, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на прашање во врска со ситуацијата со овие деца во нашата држава на настанот по повод одбележување на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

Нашата цел не е децата питачи да ги одвоиме од родителите, туку заедно со нив да работиме на подигнување на свеста

 - Се отстрануваат децата од улица кои ги има на неколку фреквентни места и службите од Центарот за социјална работа заедно со Министерството за внатрешни работи, Црвениот крст и дел од граѓанските организации работат на случајот и се постојано на терен, истакна таа.

Министерката додаде дека децата повторно се враќаат на истите улици и дека нивна цел не е да им ги одземат на родителите или да ги однесат во згрижувачки семејства, туку целта е да работат паралелно со родителите за подигање на свеста дека местото на децата е во училиштето, во процесот на образование, а не на улица.

 - Заедно со МВР работиме и постапуваме и особено во зимскиот период ќе бидат поприсутни тимовите на оние места каде што и досега ги среќаваме децата коишто питачат, рече министерката.

Таа нагласи дека откако почнаа со иницијативата за нивно расчистување, децата скитници не се постојано на улиците, туку излегуваат обично пред празници и за викенди кога има поголема фреквенција. сан/ац/

Фото: Министерство за труд и социјална политика

 

Остани поврзан