• четврток, 26 декември 2024

Тренчевска и Папазов ќе направат увид во спроведувањето на „Помош и нега во домот“

Тренчевска и Папазов ќе направат увид во спроведувањето на „Помош и нега во домот“
Кочани, 21 март 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска  и градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов денеска ќе направат увид во спроведувањето на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, која е дел од социјалната реформа што ја спроведува Владата во соработка со општините. Во рамки на посетата, министерката Тренчевка и градоначалникот Папазов ќе посетат корисници на оваа социјална услуга во Кочани. Ќе присуствуваат и претставници на Општинската организација на Црвениот Крст од Кочани, која е директен давател на услугата во оваа општина. Развојот и спроведувањето на оваа социјална услугата се финансирани од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Целта на воведувањето на оваа услуга е да се одржи и подобри квалитетот на животот на лицата со навршени 65 години во нивното домашно опкружување преку помош во извршување на секојдневните животни и социјални активности. Носител на лиценцата за услугата на територијата на општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево е Општинската организација на Црвениот Крст од Кочани. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан