• среда, 27 ноември 2024

Тренчевска: Достапноста и ефикасноста на стручните лица се значајни во испораката на правата и услугите кон граѓаните​

Тренчевска: Достапноста и ефикасноста на стручните лица се значајни во испораката на правата и услугите кон граѓаните​
​Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) - За потребите и предизвиците со кои се соочуваат центрите за социјална работа на ниво на држава и нивното понатамошно успешно решавање и надминување, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средна на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со директорите на центрите. Како што информираат од МТСП, на средбата се разговараше на повеќе теми кои се опфатени во делокругот на работењето на Центрите за социјална работа: старателството, интегрирано водење на случај и неговата имплементација, подготвеноста на Дневните центри за лица со попреченост во време на пандемија, како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот. - Граѓаните се на прво место и достапноста и ефикасноста од страна на стручните лица се особено значајни  во испораката на услугите и правата кон граѓаните.  Центрите за социјална работа се најважната алатка во функционирањето на системот за социјална заштита, истакна Тренчевска. Таа посочи дека целта не е само влез на граѓаните во системот на социјална заштита, туку и нивно интегрирање како активни учесници на пазарот на трудот и нивно извлекување од сиромаштија. Потенцираат дека на тој начин покрај тоа што го намалуваме бројот на корисници на социјална помош, им помагаме на овие лица активно да се вклучат во општеството и самостојно да функционираат. Заедничкизаклучок од средбата е дека соработката и поддршката продолжува и понатаму за да се создаде општество кое се грижи за оние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории на граѓани. На средбата се разговараше и за функционирањето на шелтер центрите, состојбата со семејното насилство изминатиов период и згрижувачките семејства.фф/дма/

Остани поврзан