• вторник, 17 декември 2024

Тренчевска: Градење систем што гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор е решение на долг рок

Тренчевска: Градење систем што гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор е решение на долг рок
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Од 2017 година наваму социјалниот дијалог е еден од приоритетите на Владата и секоја политика која што го допира правото од работен однос мора да помине низ дијалог. Сведоци сме дека во минатото голем број на политики кои што го допираат правото од работен однос се носеа надвор од социјален дијалог и од сослушување на работодавачите и работниците за кого овие политики се наменети, соопшти вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. -Токму затоа, рече Тренчевска,  и на први мај со вицепремиерот Битиќи и пред Сојузот на синдикати во рамки на генералниот штрајк, кои беа пред МТСП излегов да ги поздравам и да кажам дека социјалниот дијалог продолжува и ја потенцирав важноста од градење на систем кој што гарантира постојан раст на платите, рече Тренчевска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24. Тренчевска, како што информира Министерство за труд и социјална политика, посочи дека носењето на нов закон за платите во јавниот сектор значи и нова методологија и нов општ колективен договор каде што, како што рече, ќе доуредиме и дополнителни права на вработените во јавниот сектор. Министерката информираше дека платите во јавниот сектор ќе ја следат инфлацијата и зголемувањето на просечната плата. Таа се осврна и на растот на минималната плата, која од 2017 година до денес е двојно зголемена. За останатите прашања, кои се во насока на унапредување на работничките права, министерката го посочи, регресот за годишен одмор К-15 до крајот на 2022 година. На прашањето за растот на цените и мерките кои ги презема Владата во насока на заштита на граѓаните, министерката посочи дека во време на глобална криза, која ги зафати и силните економии, Владата како одговор на кризата донесе пакети мерки за поддршка на најранливите категории граѓани и поддршка на стопанството. -Дваесет и шест мерки Владата ги донесе на почетокот на годината, со која што го ублажи притисокот на економската и енергетската криза, субвенциониравме 80 отсто од сметките за електрична енергија на домаќинствата, донесовме мерки со кои дадовме дополнителни средства на пензионерите, донесовме измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување за усогласување на пензиите со трошоците на живот и со растот на просечната плата. Во септември пензионерите ќе го добијат ова усогласување и ќе биде одлично покачување и дополнителен буџет во семејството, рече Тренчевска. Таа се осврна и на новиот пакет мерки кои заедно со Министерството за финансии се креираат, со оглед на прогнозите дека зимата ќе биде тешка на глобално ниво, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои се во социјален ризик. Мерки ќе има и за реалниот сектор, кои, како што рече, ќе придонесат да се ублажи ударот од сите предизвици со кои што како држава се соочуваме. Министерката Тренчевска истакна дека ресорното министерството со ребалансот на буџетот има зголемување од 31 милиони денари, нови дополнителни средства за капитални инвестиции во детската заштита. -Недостигот на работна сила е проблем на кој што треба да му пристапиме од повеќе аспекти и не е проблем кој што се создава за година две или три, ако ги земаме наназад политиките во образованието кои беа погрешни, рече министерката за труд и социјална политика. Таа се осврна на успешноста на мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, кои се во насока на задржување на младите во земјата и нивно насочување кон приватниот сектор​.  И притоа ја истакна мерката за самовработување преку која на 2000 невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување им се нуди поддршка од 5000 евра за отпочнување сопствен бизнис, мерка која е 100 проценти  искористена и поради тоа секоја година  бележи зголемување на буџетот и бројот на лицата вклучени во неа. мд/дма/  

Остани поврзан