• четврток, 29 август 2024

Трент: Ливерпул сака да ја освои Премиер лигата, знаеме како да се бориме со Сити

Трент: Ливерпул сака да ја освои Премиер лигата, знаеме како да се бориме со Сити

Ливерпул, 11 јули 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд изјави дека неговиот тим е решен да се бори за титулата во новата сезона.

 

- Мислам дека клубот треба да биде искрен. Знаете, ние го почитуваме секое натпреварување во кое учествуваме, но ако не прашате на истиот датум минатата година дали сакаме да завршиме петти, сите ќе кажеме не и сега ќе го направиме истото. Сакаме да ја освоиме лигата, сакаме да се бориме за титулата и да ја освоиме Лигата на шампионите. Пропуштањето на Лигата на шампионите е разочарувачки. Знаеме како да ја освоиме Премиер лигата, знаеме како да се бориме со Сити. Треба да играме речиси перфектно во текот на целата сезона, така што за нас ова е главната работа, изјави дефанзивецот на Ливерпул.

 

Сезоната 2022/23, Ливерпул ја заврши на петтата позиција и не успеа да избори пласман во елитното фудбалско натпреварување. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан