• петок, 23 август 2024

Тренерот на Лајпциг, Тедеско поднесе оставка

Тренерот на Лајпциг, Тедеско поднесе оставка
Лајпциг, 7 септември 2022 (МИА) – Бундеслигашот Лајпциг објави за оставка на тренерот Доменико Тедеско. Вчера Лајпциг на домашен терен загуби од Шахтојор со 4:1. Заедно со 36-годишниот стручњак, клубот го напуштија и неговите помошници Андреас Хинкел и Макс Урванчки. Тедеско беше на тренерската позиција во Лајпциг од декември 2021 година. Под негово водство тимот го освои Купот на Германија во сезоната 2021/22. Лајпциг оваа сезона има две победи, два нерешени исхода и четири порази. Германските медиуми шпекулираат дека наследник на Тедеско на тренерското место во Лајпциг ќе биде Марко Росе. зс/

Остани поврзан