• среда, 25 декември 2024

Тренерот на Аталанта, Гасперини реагираше на обвинувањата од страна на Гомез

Тренерот на Аталанта, Гасперини реагираше на обвинувањата од страна на Гомез
Бергамо, 18 август 2021 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, реагираше на изјавите на поранешниот напаѓач на клубот од Бергамо, Алехандро Гомез, кој го обвини фудбалскиот стручак дека сакал да употреби физичка сила против него. - Однесувањето на Гомез, неговиот став на и надвор од теренот стана неприфатливо за мене како тренер и за соиграчите. Физичката агресија беше негова карактеристика, не моја. Вистинската причина поради која го напушти тимот е непочитување на сопствениците на клубот, изјави Гасперини, за „Ла Газета дело Спорт“. Претходно беше објавено дека Гомез и Гасперини имале конфликт за време на натпреварот од Лигата на шампионите Аталанта - Митјиланд (1:1), што се одржа на 1 декември 2020 година. Како резултат на инцидентот, напаѓачот беше суспендиран од тренинзи со главниот тим, а потоа го напушти италијанскиот клуб. На 26 јануари 2021 година, играчот се пресели во Севиља. Гомез игра за Аталанта од 2014 година. Напаѓачот одигра над 200 натпревари за клубот и постигна 50 голови. зс/

Остани поврзан