• сабота, 23 ноември 2024

Трајче Камчев го фати крстот положен во браната Моклиште кај Кавадарци 

Трајче Камчев го фати крстот положен во браната Моклиште кај Кавадарци 

Кавадарци, 19 јануари 2024 (МИА) - Четириесетгодишниот Трајче Камчев прв стигна до светиот крст положен во водите на браната Моклиште кај Кавадарци. 

- Првпат пробав и успеав. Посакувам здравје и среќа за сите луѓе во светот. Само здравје, а другото ќе си дојде по ред, изјави Камчев. 

Тој доби бројни подароци, а меѓу другите, му честитаа и градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов и претседателот на месната заедница Ваташа, Зоран Пењушков. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан