• вторник, 24 декември 2024

Трајковски за ТНТ: Повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба

Трајковски за ТНТ: Повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба

Скопје, 28 април 2022 (МИА) -  Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска ги даде завршните зборови за случајот „ТНТ”, каде посочи дека овој судски процес има една единствена цел, „да придонесе кон збогатување на оштетениот Фијат Цановски и да резултира со оштета на Буџетот на државата”.

-На средба со инвеститорот на објектот „Космос” Фијат Цановски, тој не негира дека гради нелегално. Исто така, јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели Трајковски.

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба предложи до судот да обрне внимание на релевантните докази, бидејќи со ништо не се докажува вината на Трајковски и треба да биде ослободен од обвинение.

Во случајот „ТНТ” обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Никола Груевски на кој му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во Општина Гази Баба. ки/аа/

Остани поврзан