Трајковски додели парична награда за првороденото бебе во Делчево
- Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска го посети семејството на првороденото бебе во Делчево, малиот Ајаз, кој е роден на 8 јануари во штипската болница. Ајаз е трето дете на се
Делчево, 23 јануари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска го посети семејството на првороденото бебе во Делчево, малиот Ајаз, кој е роден на 8 јануари во штипската болница. Ајаз е трето дете на семејството на Сабина Зекировска и Роберт Мемедов и е прв жител во Делчево за оваа 2023 година.
-Семејството ќе добие парична награда која традиционално Општина Делчево ја доделува на првороденото во новата година, а со цел да се помогне на семејство кое живее во социјален ризик, му дониравме и пакет со хуманитарна помош, рече Трајковски.
Општина Делчево, нагласи тој, дарува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината чии родители живеат во Делчево.
Во насока на поддршка на родителите кои добиле новороденче, како една од социјалните мерки, Општина Делчево исплаќа и по три илјади денари еднократна парична помош.
Минатата година по овој основ Општина Делчево има исплатено 230.000 денари. вс/цр