• сабота, 15 март 2025

Трајковска: Жените вработени во КОВЗРГ добија бесплатен преглед ехо на дојка по повод 8 Март

Трајковска: Жените вработени во КОВЗРГ добија бесплатен преглед ехо на дојка по повод 8 Март

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Директорка на Комисијата за за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска денеска на својот фејсбук профил објави дека по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, жените вработени во Комисијата добиле подарок бесплатен преглед (ехо на дојка).

-Жена си секој ден од годината! 8 Март е само еден ден од годината. И на 8 Март и секој ден во годината, жената треба да биде здрава! Секоја мајка, жена, баба, сестра, ќерка, тетка, стрина, пријателка, треба да биде здрава! Како директорка на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, за 8 Март на моите вработени им посакувам да бидат пред се здрави! Во тој контекст, жените во Комисијата добија подарок - бесплатен преглед (ехо на дојка), се вели во објавата на Трајковска.

Таа потенцира дека е потребно да си грижиме една за друга за да бидеме здрави единки во општеството.

-Да се грижиме една за друга, така ќе бидеме здрави единки во општеството. Среќен 8 Март дами!, додава Трајковска. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан