Трајановски: Во недела да се избориме за нашиот Аеродром, за иднина со вистински развој
- Во недела имаме шанса конечно да го вратиме Ародром на патот на развојот и вистинската грижа за луѓето. На 19 октомври сите заедно одлучуваме во каква општина сакаме да живееме, се наведува во соопштението од изјавата за медиуми на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
17 октомври 2025
Во недела имаме шанса конечно да го вратиме Ародром на патот на развојот и вистинската грижа за луѓето. На 19 октомври сите заедно одлучуваме во каква општина сакаме да живееме, се наведува во соопштението од изјавата за медиуми на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Четири години гелдавме како големите ветувања останаа само празни зборови на хартија. Наместо развој, добивме пропаст. Наместо проекти, добивме изговори. Сега имаме избор, уште четири години застој или иднина во која секој дел од Аеродром ќе се развива рамномерно и плански.
Нашата визија е јасна: нови детски градинки, уредени улици и зелени паркови, чист воздух, културен и спортски живот што ќе ја обедини заедницата. Општина што работи за граѓаните и со граѓаните. Тоа е Аеродром каков што заслужуваме.
Во недела, сите заедно да го заокружиме бројот 5 затоа што секој глас е важен. Да излеземе масовно и да покажеме дека Аеродром бара промени, дека Аеродром знае да избере квалитетна и фер понуда.
Ајде заедно да се избориме за нашиот дом.
Ајде заедно да се избориме за нашиот Аеродром.
Линк до видео: https://youtu.be/qwf7B0F7Ih8?si=7hz2U9UXzKV4yGeY