• среда, 27 ноември 2024

Трајановски: БРТ на Шилегов е несоодветен и има доста негативни страни

Трајановски: БРТ на Шилегов е несоодветен и има доста негативни страни
Скопје, 27 април 2021 „Јас моето мислење за овој проект го кажав на мојот ФБ и тоа два пати. На некој начин го предупредив и сакав да му дадам дознаење на градоначалникот Шилегов дека ова не е добар проект, дека ова ќе биде штетен проект за градот Скопје од повеќе аспекти. Имено, ваков бас рапид транзит, значи брз автобуски превоз и се практикува во големи градови, односно милионски градови, кои што имаат многу голема должина од едниот до другиот крај. Таков има Истанбул, таков има Мексико Сити и сл. И тоа има дури 180 километри од едниот до другиот крај. Но, на 12 километри раздалеченост, растојание вие да правите ваков проект мислам дека е многу несоодветен“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија. Трајановски додаде дека од тој пркет кој што го замислил Шилегов нема да има воопшто ефект. „Нема да има ефект од тоа, прво ќе ги намали автобуските станици, ќе има само 21 автобуска станица. Долу по „Партизанска“ поминува водоводна цевка од метар и 60 сантиметри значи повеќе од метар ипол и таа е правена 1967-68 година, со челични заварени цевки, кои што не трпат големи осцилации. И при најмали осцилации може да имаме големи проблеми. Тоа е под еден. Под два, според најавите бидејќи немаме голема транспарентност, ние знаеме само од медиумите, овие две ленти од едната и другата насока ќе бидат во средишното зеленило. И ќе фаќаат можеби и малку од левата брза лента.Автобуските станици ќе бидат исто така на ова зеленило. Значи ќе се уништи зеленилото во најмалку десет  километри ако има ова 12 километри, најмалку 10 километри, 10.000 метри квадратни по 3-4 значи ќе имаме околу 30-40.000 метри квадратни уништено зеленило во Скопје“, рече Трајановски. Трајановски посочи дека и дрвјата ќе се уништат поради овој проект на Шилегов. „Околу брзината и околу автобуските станици, значи тие автобуски станици ќе бидат во средината, ќе бидат затворени, значи како што слушнав ќе имаат исто така картичка, можеби и истата ќе остане. Меѓутоа секаде каде што сме гледале, еве видете во Истанбул таму каде што стои автобуската станица веднаш има пешачки натпатник, значи патниците кога ќе се симнат се качуваат горе и поминуваат на лева или на десна страна. Ако поминуваат на обичен пешачки премин ќе биде небезбедно, ќе го кочат и БРТ и другиот сообраќај“, укажа Трајановски.

Морам да ви кажам дека кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа? Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направија онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.

Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин.

Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после мораториум. Тоа мора после да си видат службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола, рече Трајановски.

Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборите и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е.

Јас сметам дека треба граѓаните да се прашаат, да се има јавна расправа, граѓаните да одлучат што треба таму да има, нагласи Трајановски.

Трајановски укажа дека има различни форми на кои граѓаните можат да бидат консултирани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан