• среда, 25 декември 2024

Трас: Руската инвазија го загрозува светскиот мир и економската стабилност

Трас: Руската инвазија го загрозува светскиот мир и економската стабилност
Лондон, 4 јуни 2022 (МИА) - Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас синоќа предупреди дека „неоправданата и нелегална инвазија на Русија врз Украина“ го загрозува светскиот мир и економската стабилност. Таа во соопштение по повод 100 дена војната оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „лошо пресметал“. „Тој очекуваше дека инвазијата ќе заврши за неколку дена, но многу ја потцени решителноста на храбрите Украинци кои бестрашно ја бранеа својата земја“, наведе Трас. Како што пренесува Би-Би-Си, таа додаде дека „инвазијата на Путин“ донесе смрт и уништување какви што не биле видени во Европа од Втората светска војна. паг/    

Остани поврзан