• среда, 25 декември 2024

Трас не отстапува од економскиот план

Трас не отстапува од економскиот план
Лондон, 29 септември 2022 (МИА) - Британската премиерка Лиз Трас денеска го бранеше својот економски план, кој ги наруши финансиските пазари, истакнувајќи оти е подготвена да преземе „контроверзни“ чекори за повторно да го поттикне економскиот раст и дека нема да го промени курсот и покрај превирањата. Таа одговарајќи на прашањето дали ќе го промени мини-буџетот што ги шокираше пазарите со даночните намалувања и парите што Владата ќе ги позајми, Трус рече: „Не ја прифаќам премисата на тоа прашање“. - Се соочуваме со тешки економски времиња. Не го негирам тоа. Тоа е глобален проблем. Но, британската влада апсолутно се вмеша и постапи правилно во овие тешки времиња, посочи Трас во интервју за локалните радиостаници на Би-би-си. Британскиот министер за финансии Кваси Квартенг минатата недела предизвика потреси на финансиските пазари со обелоденување план за намалување на даноците без да го објасни влијанието врз јавните финансии или како Владата ќе ја реформира економијата за да го поттикне растот. Како резултат на тоа, се намали вредноста на фунтата, се зголемија приходите од британските обврзници, поради што Банката на Англија вчера беше принудена да ја оживее својата програма за купување обврзници, со цел да ги поддржи пензиските фондови. Трус посочи дека Владата мора да преземе итна и решителна акција за да ги заштити домаќинствата и бизнисите од зголемените сметки за енергенсите. - Се разбира, ова значи донесување контроверзни и тешки одлуки. Но, јас сум подготвен на тоа како премиер бидејќи ми е важно да ја иницираме нашата економија, наведе Трас. ми/

Остани поврзан