• сабота, 23 ноември 2024

Трас го обвини Путин за „одвратни“ киднапирања

Трас го обвини Путин за „одвратни“ киднапирања
Лондон, 29 март 2022 (МИА) - Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас го обвини рускиот претседател, Владимир Путин, за користење на „одвратна тактика“ за киднапирање украински цивили. На Твитер, Трас напиша дека Путин „прибегнува кон очајни мерки“. Нејзините коментари уследија откако украинската група за човекови права, Змина, соопшти дека идентификувала десетици луѓе кои биле заробени. Според Змина, илјадници Украинци биле однесени во Русија, против нивната волја. бд/ми/

Остани поврзан