• сабота, 23 ноември 2024

Трансферот е близу: Милик ја напушти базата во Наполи

Трансферот е близу: Милик ја напушти базата во Наполи
Неапол, 16 септември 2020 (МИА) - Трансферот на Аркадиуш Милик во Рома се чини дека е прашање на време, откако напаѓачот не учествуваше на тренингот на Наполи денес. Околу 12:30 часот со својот автомобил ја напуштил базата. Полјакот не се учествувал и на вчерашната сесија на тимот на Џенаро Гатузо. Милик се очекува на „Олимпико“ со првичен закуп и задолжителна откупна клаузула во вкупна вредност од 25 милиони евра, од кои 7 милиони се во форма на бонуси. Тој самиот ќе земе 5 милиони евра по сезона. Дваесет и шест годишниот репрезентативец на „дружина Полска“ одбива да го продолжи договорот со Наполи и затоа Џенаро Гатузо изјави дека нема да се потпира на него. Овој договор се очекува да придвижи уште еден - до Един Џеко од Рома во Јувентус.

Тагови

Остани поврзан