Транспаренси Интернешнл-Македонија промовираше проекти во Свети Николе
- Граѓанските активисти од Транспаренси Интернешнл - Македонија денеска во Свети Николе ги промовираа своите проектни активности и поставија штанд на градскиот плоштад на кој одржаа средби со граѓаните. Во соопштението испратено до медиумите, Транспаренси Интернешнл-Македонија наведува дека се сретнале со членови на организацијата на жени од Свети Николе на која разговарале за активностите поддржани од оперативните грантови од Смарт Балканс програмата, финансирана од Кралството Норвешка.
Свети Николе, 7 февруари 2024 (МИА) - Граѓанските активисти од Транспаренси Интернешнл - Македонија денеска во Свети Николе ги промовираа своите проектни активности и поставија штанд на градскиот плоштад на кој одржаа средби со граѓаните. Во соопштението испратено до медиумите, Транспаренси Интернешнл-Македонија наведува дека се сретнале со членови на организацијата на жени од Свети Николе на која разговарале за активностите поддржани од оперативните грантови од Смарт Балканс програмата, финансирана од Кралството Норвешка.
-Беа презентирани и наодите од националниот систем на интегритет, анализа подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европска Унија и Владата на Швајцарија. Граѓаните имаа можност преку канцеларијата за правна помош да пријават корупција и неправилности во институциите, се вели во соопштението од Транспаренси Интернешнл-Македонија.
Активистите на Транспранси Интернешнл - Македонија во Свети Николе го помовираа и проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борба против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, поддржан од Европска Унија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат повеќе организации: Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Организацијата соопшти дека во наредниот период ќе продолжи со промоција на своите активности на локално ниво. вдј/сст/
Фото: Транспаренси Интернешнл - Македонија