• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат

Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат

Вашингтон, 27 јуни 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“.

Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали.

- Работиме на тоа. Претседателот Путин ми се јави и рече: Ќе ми биде драго да ти помогнам со Иран’ Јас му реков: Направи ми услуга: јас ќе се справам со Иран, а ти помогни ми со Русија. Мораме да го решиме овој проблем’. Затоа мислам дека нешто ќе се случи таму, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан