• понеделник, 23 декември 2024

Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече

Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече

Вашингтон, 22 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше ветеранската обвинителка Пем Бонди за нов јавен обвинител, неколку часа откако Мет Геjц се повлече од можен кандидат.

Бонди има долгогодишно искуство во спроведувањето на законот и претходно служеше како јавен обвинител на Флорида, јавија американските медиуми.

Долгогодишниот сојузник на Трамп, Бонди беше дел од неговиот правен тим за време на неговото прво судење за импичмент во Сенатот, а исто така јавно го поддржа појавувајќи се на суд за време на неговото судење за давање мито во Њујорк.

- Пем беше обвинителка скоро 20 години, беше многу строга кон насилните криминалци и ги направи улиците безбедни за семејствата од Флорида, рече Трамп во објава на социјалните мрежи сооштувајќи го својот избор.

Бонди е блиска со Трамп од неговата кампања во 2016 година, а пред гласачите на неодамнешниот митинг на Трамп рече дека го смета за „пријател“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан