• петок, 27 декември 2024

Трамп ја напушти судницата на Менхетн , не даде изјава и замина за Флорида

Трамп ја напушти судницата на Менхетн , не даде изјава и замина за Флорида

Њујорк, 4 април 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој пред еден час и формално беше уапсен и потоа сослушан пред судот во Менхетн, предмалку ја напушти судница и си замина од зградата на судот.  

Трамп ја напушти судницата во придружба судската полиција, откако ги ислуша 34-те точки од обвинението за фалсификување деловни книги и заговор и притоа се изјасни за невин, јави Скај Њуз.

На излегување од судницата Трамп, иако имаше таква најава, не даде изјава, туку само влезе во своето возило и со придружбата замина за Флорида, од каде најверојатно ќе го има своето обраќање до јавноста.

Со излегувањето од зградата на судот, Трамп веќе нема статус на уапсено лице, јави британскиот медиум. сд/    

Остани поврзан