• сабота, 06 декември 2025

Трамп: Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети поради поддршка на насилните протести

Трамп: Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети поради поддршка на насилните протести

Вашингтон, 27 август 2025 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот за влијание и корупција во организациите (РИКО).

- Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според законот РИКО поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ цела Америка. Нема да им дозволиме на овие лудаци да ја уништат Америка, не ѝ давајќи ѝ шанса да „дише“ и да биде слободна, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател додаде и дека Сорос и „неговата група психопати“ нанеле голема штета на Соединетите Држави, а дека во тоа се вклучени и „лудите пријатели на Сорос од Западниот брег“.

- Бидете внимателни, ве следиме, додаде Трамп.

Остани поврзан