Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека официјалните лица би требале да ја разгледаат опцијата за одложување на Летните олимписки игри во Токио за една година поради пандем
![Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година](https://mia.mk/index.php/images/20221102230204_big_730x400_38.webp )
Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека официјалните лица би требале да ја разгледаат опцијата за одложување на Летните олимписки игри во Токио за една година поради пандемијата на Ковид-19.
Според Трамп, тој настан не е ист со и без публика.
САД се инаку најбројниот учесник на Олимпијадата, која оваа година е планирана да се одржи од 24 јули до 9 август.
Јапонски официјални претставници се обидоа да шпекулираат дека Олимпијадата би можела да биде одложена или откажана по прогласување пандемија на коронавирусот во светот. сѓд/гт/