• среда, 25 декември 2024

Трамп планира да го покани Путин на самитот на Г7

Трамп планира да го покани Путин на самитот на Г7
Вашингтон, 11 август 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на проширениот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7). - Секако дека би го поканил на состанокот. Мислам дека тој е важен фактор, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека размислува да го одржи самитот по претседателските избори во САД во ноември. Самитот, кој требаше да се одржи во јуни во Кемп Дејвид, беше до септември. Трамп претходно соопшти дека ќе покани претставници на Русија, Австралија, Индија и Северна Кореја. јт/

Тагови

Остани поврзан