• четврток, 07 ноември 2024

Трамп освои 295 електорски гласови, Харис 226

Трамп освои 295 електорски гласови, Харис 226

Вашингтон, 7 ноември 2024 (МИА) - Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, на претседателските избори освои 295 електорски гласови и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226 електори, покажуваат мајновите проекции на Асошиетед прес.

Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана,  Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.

Иако сè уште не се преброени сите гласови, Трамп води и во Невада и Аризона, додаваат американските меидуми.

Харис победи во округот Колумбија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Конектикат, Род Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Њујорк, Мејн, Вирџинија, Илиноис, Минесота, Колорадо, Ново Мексико, Вашингтон, Орегон, Калифорнија и Хаваи.

Трамп води и по добиени гласови, досега има освоено 72,6 милиони гласови, а Харис 67,9 милиони гласови. сд/

  фото:МИА архива

Остани поврзан