• понеделник, 10 март 2025

Трамп му испратил писмо на иранскиот ајатолах Хамнеи за почеток на преговори за нуклеарен договор

Трамп му испратил писмо на иранскиот ајатолах Хамнеи за почеток на преговори за нуклеарен договор

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) -  Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека сака да преговара за нуклеарен договор со Иран и дека денеска испрати писмо до иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во кое изразува надеж дека ќе се согласи на разговорите.

-Му наведов дека се надевам дека ќе преговара, бидејќи тоа ќе биде многу подобро за Иран. Мислам дека сакаат да го добијат тоа писмо. Втората опција е дека мораме да направиме нешто, бидејќи не можеме да дозволиме уште едно нуклеарно оружје, рече Трамп во интервју за мрежата „Фокс бизнис“.

Белата куќа засега не одговори на барањето за коментар.

 Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска разговараше со иранскиот амбасадор Казем Џалали за меѓународните напори за решавање на ситуацијата поврзана со иранската нуклеарна програма, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесено од британските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан