• вторник, 24 декември 2024

Трамп: Договорот ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место

Трамп: Договорот ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место
Белград, 4 септември 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени денеска на потпишувањето на договорот за економска нормализација на Белград и Приштина дека беше потребна голема храброст на лидерите на Србија и Косово да го финализираат овој договор, јави дописникот на МИА од Белград. - Овој договор ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место, изјави Трамп, Тој потенцира дека овие земји сакаат подобра економска соработка во регионот и изрази верување дека тие ќе напредуваат во не толку далечна иднина. - Сега е кампања во мојата земја, но ние сме горди што овие двајца големи лидери и нивниот народ се задоволни. Ова е навистина историски ден и ајде да го потпишеме и започнеме овој процес, речеТрамп. Тој додаде дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел - во Ерусалим, а Косово дека ќе го признае Израел, како дел од преговорите со посредство на САД. - Економијата може да ги зближи луѓето и тоа е она што се случува тука, моите луѓе завршија фантастична работа, оцени Трамп по потпишувањето на договорот. Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Роберт О’Брајан, по потпишувањето на договорот, оцени дека ова е првиот чекор кон нормализирање на економските односи и дека некои од темите се однесуваат на граничните премини меѓу Србија и Косово, економските односи, признавањето на дипломите и дозволите. Специјалниот пратеник на претседателот за мировните преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел рече дека сите се свесни дека процесот е заглавен долго време. - Се боревме за симболични работи, рече Гренел и додаде дека Трамп зборувал од самиот почеток да се покрене економијата. Тој посочи дека следната година ќе се видат нови работни успеси и работни места. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, попладнево во Вашингтон потпишаа договор со претседателот на САД во Вашингтон за економска нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. об/

Остани поврзан