• вторник, 14 јануари 2025

Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“ за предавство и бунт

Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“ за предавство и бунт
Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“, Хак Њусом за предавство и поттикнување на бунт. Коментарот на Трамп уследи откако Њусом во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека протестите покренале сериозна политичка расправа за реформи на полицијата, како и дека се уапсени полицајци кои примениле прекумерна сила. Но, Њусом не ги осуди немирите во САД. - Реков... Ако ова земја не ни го даде тоа што го сакаме, тогаш ќе го урнеме овој систем и ќе го замениме... Можеби зборувам фигуративно, а можеби и буквално. Тоа е прашање на интерпретација, посочи Њусом. Трамп на Твитер остро одговори на изјавата на Њусом. - Тоа е предавство, поттикнување на бунт, бунт!, објави Трамп на Твитер. Тој исто ја напиша и фразата што често ја користи - „закон и ред“. ми/

Остани поврзан